hand shape Дознај повеќе
За Платформата
Водени од турбулентните времиња во кои живееме и успешната историја со проекти од општествен вид, компанијата Credissimo реши да формира посветена платформа на остварување на идни општествено одговорни кампањи. Предизвиците на кои оваа платформа ќе се посвети да ги реши се од социјален, хуманитарен и еколошки карактер.
Да се активираш навреме значи да земеш решение наместо да чекаш тоа да ти се појави, а тоа е воедно и водечкото мото на платформата - Активирај Се Навреме. Оваа платформа сакаме да послужи како инспирација за секој поединец до кој ќе допре, дека сега е вистинското време да се активираш и да дејствуваш локално! Главната мисија која е зададена пред Активирај Се Навреме ќе се смета за исполнета само тогаш кога сите луѓе во општеството ќе имаат подобри услови за живот, едукација и развивање.
Наши Проекти

Секое Капаче е Вредно!

Активирај Се Навреме започнува голем хуманитарно-еколошки проект под името “Секое капаче е вредно“ чија главна цел е да се активираат граѓаните со цел да соберат што е можно повеќе пластични капачиња. Собраните капачиња ќе бидат превземени за рециклирање преку што директно се помога на подобрување на животната средина.
Пластичните капачиња се направени од полипропилен (т.н. PP #5), еден од најтешките и најцврстите пластични материјали. Поради таа причина капачињата воопшто не се разградливи и се едни од најмалку рециклираните материјали, додека во исто време се во топ 5 отпадоци кои се собираат од акциите на чистење на природата. Проектот “Секое капаче е вредно“ планира значително да го зголеми бројот на рециклирани капачиња во целата држава.
Хуманитарниот аспект на овој проект е насочен кон сите детски одделенија во целата држава на кои им е потребно сериозно реновирање и овозможување на подобри услови за лекување. Средства кои се обезбедуваат преку откупот за рециклирани капачиња заедно со финансиската поддршка од главниот покровител Credissimo се целосно насочени кон таа цел. Затоа не заборавај, секое капаче има вредност – повеќе детски насмевки!
Новости
Денес се поставени првите 5 метални конструкции за собирање на пластични капачиња во Скопје, Тетово, Битола и Охрид. Одржувањето на конструкциите и рециклирањето на собраните капачиња е овозможено од нашиот логистички партнер Пакомак.
01.06
2022
Локации
icon
Скопје
01 Јуни 2022
Локација: Скопје Зоолошка
icon
Тетово
01 Јуни 2022
Локација: Центар
icon
Битола
01 Јуни 2022
Локација: Широк Сокак
icon
Охрид
01 Јуни 2022
Локација: Пристаниште
За Нас