Наши Проекти
Секое Капаче е Вредно!
Активирај Се Навреме започнува голем хуманитарно-еколошки проект под името “Секое капаче е вредно“ чија главна цел е да се активираат граѓаните со цел да соберат што е можно повеќе пластични капачиња. Собраните капачиња ќе бидат превземени за рециклирање преку што директно се помага на подобрување на животната средина.
Пластичните капачиња се направени од полипропилен (т.н. PP #5), еден од најтешките и најцврстите пластични материјали. Поради таа причина капачињата воопшто не се разградливи и се едни од најмалку рециклираните материјали, додека во исто време се во топ 5 отпадоци кои се собираат од акциите на чистење на природата. Проектот “Секое капаче е вредно“ планира значително да го зголеми бројот на рециклирани капачиња во целата држава.
Хуманитарниот аспект на овој проект е насочен кон сите детски одделенија во целата држава на кои им е потребно сериозно реновирање и овозможување на подобри услови за лекување. Средства кои се обезбедуваат преку откупот за рециклирани капачиња заедно со финансиската поддршка од главниот покровител Credissimo се целосно насочени кон таа цел. Затоа не заборавај, секое капаче има вредност – повеќе детски насмевки!